SportM
Фудбал

Сопствениците ќе му ја исполнат желбата на Солскјер: Пристигнува нов фудбалер на „Олд Трафорд“, навивачите огорчени

Д М28 окт 2021
Сопствениците ќе му ја исполнат желбата на Солскјер: Пристигнува нов фудбалер на „Олд Трафорд“, навивачите огорчени

Манчестер Јунајтед подготвува одличен зимски трансфер, но навивачите не се воодушевени.

Имено, Цревните ѓаволи сакаат да понудат 60 милиони фунти за англискиот репрезентативец Калвин Филипс и член на Лидс Јунајтед, но навивачите сметаат дека ова е повторно џабе и пазарење без соодветен план.

Јунајтед веќе се изгоре со некои трансфери, особено доведувањето на Хари Мегваер кој стана најскапиот стопер во светот, во моментов е и најголемиот неуспех во одбраната на Јунајтед. Тука е и Џејдон Санчо кој дојде од Борусија Дортмунд и навистина не се прослави.

Интересно, Филипс летово беше желба и на Оле Гунар Солскјер, кој по се изгледа нема намера да ја напушти клупата на Јунајтед, а ниту сопствениците не сакаат да го отпуштат. Сега се чини дека ја исполнуваат и неговата желба.

Покрај Јунајтед, за Филипс е заинтересиран и Ливерпул, но Црвените немаат намера да дадат над 30 милиони фунти. Лидс нема да се задоволи со таа бројка, но би можел да добие добри пари од Јунајтед, кој немаше соодветна и јасна визија кога се во прашање парите и трансферите.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.