Сопствениците на ПСЖ купуваат уште еден клуб: Сакаат да ја прекинат доминацијата на Реал Мадрид

Бомбастичната вест ни доаѓа од Шпанија.
Водечките медиуми ја објавија веста дека групата „Катар Инвестментс“, која раководи со ПСЖ, сака да го купи шпанскиот Еспањол.
🚨 Qatar Sports Investments, owner of PSG, want to buy La Liga side Espanyol! 💰
A North American consortium has already made an offer to purchase the Spanish club.
(Source: @RadioMARCA) pic.twitter.com/8CQPLYDZOK
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 13, 2022
Преговорите наводно веќе се почнати, а сопствениците сакаат да имаат клуб во уште една од петте Лиги кои ќе бидат конкурентни на европската сцена и секако ќе се борат за трофеи на домашната сцена.
Една од целите ќе биде да се разбие монотонијата во шпанското првенство, каде титули во последните години освојуваат Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.
Првиот човек на групата од Катар, Насер Ал-Хелаифи, претходно изјави дека во иднина сака уште повеќе да инвестира во фудбалот, но не сакаше да изнесува детали.
Се чини дека сето тоа беше за да се подготви теренот за купување на Еспањол.
Еспањол е вториот клуб од Барселона, тие четири пати го освоија Купот на кралот, двапати беа финалисти на Купот на УЕФА, но никогаш не беа шампиони на Шпанија, што може да се промени во иднина.
Интересно, според последните податоци, Еспањол е деветти клуб во Шпанија кога се во прашање навивачите и лојалноста кон клубот.



