Connect with us

Фудбал

Сосема е нормално што Ливерпул не сака да плати 30 милиони евра за Тијаго

Тијаго Алкантара ги договори сите услови на договорот со Ливерпул.

Шпанскиот фудбалер има силна желба да ги засили редовите на англискиот шампион и веќе има договорено четиригодишен договор со „црвените“.

Сепак, Ливерпул и Баерн немаат начин да се договорат за цена. Баварците бараат 30 милиони евра за 29-годишниот играч од средниот ред, но таа бројка е преголема за управата на Ливерпул.

Сосема е нормално дека не сакаат да дадат 30 милиони за Тијаго. За само пет месеци, можам да го потпишам без ниту едно потрошено евро, затоа што влегува во финишот на договорот и може да дојде како бесплатно засилување од следното лето.

loading...

Сепак, имајќи предвид дека постои взаемна желба за соработка уште во овој преоден рок, Ливерпул е подготвен да плати одредена сума, но не и 30 милиони.

Преговорите ќе продолжат во наредните денови и договор би можел да биде постигнат.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com