SportM
Фудбал

СП 2022: Франција без Канте, Португалија без Жота

Д М19 окт 2022
СП 2022: Франција без Канте, Португалија без Жота

Француската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Катар ќе ја брани титулата без играчот за врска Нголо Канте (31).

Фудбалерот на Челзи мораше да го оперира бутниот мускул поради што најмалку четири месеци ќе отсуствува од теренот,

Ослабена на Мундијалот во Катар ќе биде и репрезентацијата на Португалија во чиј редови ќе отсуствува Диого Жота.

Напаѓачот на Ливерпул се повреди во самиот финиш на дербито против Манчестер сити во неделата и на носилки беше изнесен од теренот на „Енфилд Роуд“.

Мундијалот во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.