Фудбал
Спалети му кажал ДА на Јувентус!
Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети, ќе го преземе Јувентус, објави инсајдер Фабрицио Романо.
Според Романо, 66-годишниот Италијанец се согласил да работи за клубот од Торино. Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната 2025/26, со можност за продолжување доколку Јувентус се квалификува во Лигата на шампионите.
Последната тренерска позиција на Спалети беше во италијанската репрезентација, која ја водеше од 2023 до 2025 година. Тој исто така ги тренираше Наполи, Интер, Рома, Зенит, Удинезе, Сампдорија, Емполи, Венеција и Анкона.
Во понеделникот, Јувентус го отпушти тренерот Игор Тудор, кој работеше во клубот од март 2025 година.