Connect with us

Фудбал

Спектакл со 22 гола: Избраниците на Роналдињо ги одмеруваа силите со тимот на Роберт Карлос (ВИДЕО)

На натпреварот во Мајами настапија големи фудбалски ѕвезди, но и ѕвезди од другите спортови.

Иако беше ревијален натпревар, играчите на двата тима не беа без мотив. Се играше за гол повеќе, а на крајот овој спектакл во американскиот Форт Лодердејл во Мајами заврши со резултат 12:10 во корист на тимот предводен од легендарниот Роберто Карлос.

Натпреварот наречен „Убавата игра“ беше поделен на два тима – Роналдињо и Роберт Карлос, а со нив настапија и многу други ѕвезди и легенди како Ривалдо, Кафу, Игуита, потоа сегашните играчи како Погба, Дибала, Винисиус и Алфонсо Дејвис.

Присутни беа и други, како ѕвездата на НФЛ, Чад Џонсон, кошаркарскиот тренер Стив Неш и кошаркарот на Мајами Џими Батлер, додека тој ја забавуваше публиката со своите песни Рау Алехандро.

Првиот тим на Роналдињо: Рене Игуита, Алдаир, Рафаел Маркез, Диего Лугано, Роналдињо, Пауло Дибала, Пол Погба, Блез Матуиди, Рав Алехандро, Винисиус Јуниор, Патрик Клајверт

Тим на Роберт Карлос: Мимо Конте, Кафу, Артуро Видал, Карлос Валдерама, Ривалдо, Алфонсо Дејвис, Радамел Фалкао, Нани, Давид Трезеге

Натпреварот беше многу популарен меѓу американските навивачи. Организаторите веќе најавија дека во наредните години ќе се играат уште натпревари од овој тип.

Реклама

Facebook