Поврзи се со нас

Фудбал

Спектакл во Мадрид: Познати веројатните состави на Реал и Интер

Љубителите на фудбалот можат да уживаат во натпреварите од Лигата на шампионите вечерва бидејќи е закажано 3. коло од групната фаза.

Дербито на вечерашната програма се игра во Мадрид, каде Реал ќе биде домаќин на тимот на Интер. Овие екипи не ја започнаа добро сезоната во Лигата на шампионите и разочараа со своите резултати на почетокот на натпреварувањето.

Интер има два бода по два меча, додека Реал Мадрид е изненадувачки последен на табелата со само еден бод. Јасно е дека тие немаат право на грешка вечерва и дека двата тима ќе одат на победа, што ни гарантира вистински спектакл.

Зинедин Зидан и Антонио Конте имаат проблеми со составот поради неколку повредени играчи, но се чини дека тренерот на Интер е во многу полоша позиција.

Сепак, италијанските медиуми открија дека составот на двата тима веќе се знае и дека Зидан и Конте ќе ги испратат на теренот најдобрите играчи што ги имаат на располагање во моментот.

Веројатниот состав на Реал Мадрид: Куртоа, Лукас, Варан, Рамос, Менди, Валверде, Касемиро, Крос, Асенсио, Азар, Бензема.

Веројатниот состав на Интер: Хандановиќ, Д’Амброзио, Де Врај, Бастони, Хакими, Видал, Брозовиќ, Јанг, Барела, Лаутаро, Перишиќ.

 

loading...

Facebook