SportM
Фудбал

Спектаклот може да започне: Погледнете ги екипите на Барселона и Реал Мадрид

Д М24 окт 2020
Спектаклот може да започне: Погледнете ги екипите на Барселона и Реал Мадрид

Едно од најголемите светски дербија се игра денес на „Камп Ноу“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат судирот на лутите ривали и јасно е дека Ел Класико секогаш ни носи спектакл.

Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра од 16 часот, а Роналд Куман и Зинедин Зидан ги објавија почетните состави.

Миралем Пјаниќ остана на клупата, но се очекува да добие шанса за настап денес. Големото изненадување е што Куман од првата минута му даде шанса на младиот Педри.

Барселона : Нето, Дест, Пике, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Де Јонг, Педри, Кутињо, Ансу Фати, Меси.

Реал Мадрид : Куртоа, Начо, Серхио Рамос, Варан, Менди, Касемиро, Валверде, Крос, Асенсио, Винисиус Јуниор, Бензема.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.