Connect with us

Фудбал

Спектаклот на Бернабеу се ближи, познати се екипите на Реал и Сити

Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Манчестер Сити во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Првиот дуел на „Етихад“ беше навистина спектакуларен. Натпреварот заврши со победа на Граѓаните од 4:3 во еден од најдобрите натпревари во историјата на Лигата на шампионите.

 

Сите очекуваат вечерашниот натпревар да приреди спектакл, а познати се и екипите кои вечерва ќе ги изведат Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола:

 

Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Милитао, Начо, Крос, Бензема, Модриќ, Касемиро, Валверде, Винисиус Јуниор, Менди.

 

Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Рубен Диас, Хесус, Лапорте, Родри, Де Брујн, Бернардо Силва, Марез, Кансело, Фоден.

 

Судија на вечерашниот натпревар е Италијанецот Даниел Орсато.

 

Да потсетиме, прв финалист во Лигата на шампионите е Ливерпул, кој во вториот натпревар го совлада Виљареал (3:2) и продолжува со вкупни 5:2.

 

 

Реклама

Facebook