Спектаклот пред Бернабеу најавува вистинско лудило на теренот (ВИДЕО)

Реал Мадрид и ПСЖ вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одиграат реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Францускиот великан во Мадрид пристигна со гол предност од првиот меч, и секако се фаворити за пласман во четвртфиналето на натпреварувањето.
Сепак, вечерва публиката ќе биде на страната на Реал Мадрид. Кралевите ќе имаат голема поддршка, а таа тргна од пред стадионот.
Околу 15.000 луѓе го пречекаа автобусот со играчи на Реал Мадрид пред стадионот, а ги поздравија и пред еден од најважните натпревари во сезоната.
Ќе им биде потребна и поддршка во играта, а нема сомнеж дека нема да изостане вечерва.
Погледнете го овој нереален пречек на играчите на Реал Мадрид од страна на навивачите.
🔥 ABSOLUTE SCENES. 🔥#UCL pic.twitter.com/3HOYtE88D6
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) March 9, 2022
Познати се и тимовите пред овој натпревар, а за овие тимови се одлучија тренерите Карло Анчелоти и Маурисио Покетино:
Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Начо, Модриќ, Крос, Валверде, Асенсио, Винисиус, Бензема
ПСЖ: Донарума, Хакими, Маркињос, Кимпембе, Нуно Мендеш, Данило, Верати, Паредес, Нејмар, Мбапе, Меси.



