SportM
Фудбал

Спектакуларен пречек за фудбалерите на Реал Мадрид, а потоа на сцена стапи Герет Бејл (ВИДЕО)

Д М29 мај 2022
Спектакуларен пречек за фудбалерите на Реал Мадрид, а потоа на сцена стапи Герет Бејл (ВИДЕО)

Реал вечерва во Мадрид ја слави 14. европска титула.

Кралевите ја завршија фантастичната сезона со трофејот на најдоброто натпреварување на Стариот континент со победата над Ливерпул од 1-0.

Голем дочек на играчите вечерва во Мадрид. Улиците и стадионот на Сантијаго Бернабеу беа исполнети, а играчите добија овации.

Реакцијата на еден, сепак, изостана. Ова е секако Герет Бејл. Публиката не го поздрави со аплауз, но не сакаше ниту да го исвиркува.

 

Така навивачите на Реал покажаа дека успехот на тимот е пред се, па не сакаа ниту со свирежи да го испратат Бејл од клубот, иако многу го мразат.

Герет Бејл по девет години си заминува од Реал, со кого освои апсолутно се што можеше, а своевремено беше најскапиот фудбалер на светот кога беше платен 100 милиони евра во Тотенхем.

 

Да потсетиме, покрај трофејот во Лигата на шампионите оваа сезона, Реал ја освои и Ла Лига.

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.