Спектакуларна атмосфера во Битола, Пелистер со гол во 92-та минута го совлада Вардар
E R3 ное 2024

Фудбалерите на Пелистер со гол во судиското продолжение триумфираа вечерва во Битола во дербито против вечниот ривал Вардар со 1-0 во завршниот натпревар од 13 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во спектакуларна атмосфера и пред бројна публика на стадионот „Петар Милошевски“, која одамна е раритет на натпреварите во македонското првенство, Пелистер до победата дојде со голот на капитенот Мирко Ивановски во втората минута од судиското продолжение.
Табела: Работнички 25, Шкендија 24, Силекс 24, Гостивар 24, Струга 22, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 15, Беса 12, Воска 11, Тиквеш 9, Вардар 8.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



