SportM
Фудбал

Спортскиот директор на Јувентус ја открива иднината на Роналдо

Д М22 ное 2020
Спортскиот директор на Јувентус ја открива иднината на Роналдо

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи зборуваше за иднината на Кристијано Роналдо. Се шпекулира дека Португалецот ќе го напушти италијанскиот тим, во игра со две можни дестинации, ПСЖ и Реал Мадрид.

Високиот функционер на Јувентус ги отфрли овие гласини и ги смета за неприфатливи, бидејќи тие воопшто не мислат на такво нешто.

„Може да ве уверам дека иднината на Кристијано Роналдо е тука во Јувентус“, рече Паратичи.

„Ние не обрнуваме многу внимание на ваквите гласини на пазарите, како што ги има секој ден“, изјави тој за ДАЗН.

Роналдо добро се снаоѓа во Јуве, дури и му подари победа на својот тим и на мечот против Каљари со 2-0 со неговите два гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.