SportM
Фудбал

Срамен потег на Мбапе, удри противнички фудбалер на пријателски меч (ВИДЕО)

Редакција17 авг 2026
Срамен потег на Мбапе, удри противнички фудбалер на пријателски меч (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар во Гелзенкирхен по повод 25-годишнината од стадионот на Шалке му припадна на Реал Мадрид со резултат 3:0, но средбата ја одбележа и инцидент на теренот.

Пред крајот на првото полувреме дојде до тензии меѓу босанскиот интернационалец во дресот на Шалке, Никола Катиќ и Килијан Мбапе.

Снимките од трибините покажуваат дека Мбапе најпрво се обидел со дриблинг да го измами Катиќ, кој без проблем му ја одзел топката. По тој дуел, францускиот напаѓач му пришол на репрезентативецот на БиХ и го удрил одзади.

Мбапе поради игнорирањето на судијата набрзо добил и жолт картон.

Крајот на натпреварот поминал во значително помирна атмосфера, со срдечни дружења меѓу учесниците.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.