Средства не се бираа на денешната пресметка меѓу навивачите на Ајнтрахт и Ренџерс (ВИДЕО)

Финалето на Лига Европа е закажано за вечерва на стадионот Рамон Санчез Писхуан во Севиља.
Таму ќе се сретнат Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс и тоа ќе биде одлична можност за двете екипи да стигнат до европскиот трофеј, но и да обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Билетите беа распродадени, но многу повеќе навивачи и од Германија и од Шкотска пристигнаа во Севиља сакајќи да го почувствуваат шармот на еден толку важен натпревар, по правило се не можеше да помине без инциденти.
Не се избираа средства, летаа столчињата на локално кафуле, а за евентуални повредени засега нема информации.
Кликнете ТУКА за да видите како изгледаше.
Натпреварот започнува во 21 часот и се надеваме на спектакл на теренот, а не на улиците на главниот град на Андалузија.



