Стадион кој е чудо на природата: На натпреварите патуваат со брод, карпите служат како трибини (ВИДЕО)

Норвешка нема некои големи фудбалски стадиони, но дефинитивно оваа земја на северот на Европа го има најчудниот, а некои ќе кажат и најубавиот стадион на светот.
Споменатиот стадион се наоѓа во рибарското село Хенингсвер и неговиот пејзаж и околината дефинитивно се туристичка атракција.
На споменатиот стадион игра локалниот клуб Хенингсвер ИЛ кој се натпреварува во пониските норвешки лиги.
Карпестиот остров на кој се наоѓа стадионот е опкружен со прекрасни карпи, а околу игралиштето има само мал пат, кој служи како пристап до теренот. Речиси секоја топка може да заврши во морето, па на овој стадион има интересни натпревари.
А самото село привлекува внимание поради прекрасната архитектура, дрвените куќички, а стадионот нема трибини, така што и тие малку гледачи ги следат натпреварите од блиските карпи.
Интересно е што гостинските екипи доаѓаат со бродови и траекти, што секако дава посебен шарм кога се игра против овој интересен локален клуб од Норвешка.



