Станете, па аплаудирајте на овој клуб: Од трансферот на пет играчи имал 321 милион евра нето добивка

Борусија Дортмунд пред неколку дена потврди дека Ерлинг Халанд по крајот на сезоната ќе го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.
Халанд е во навистина неверојатна форма откако дојде во Дортмунд и прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Беше јасно дека германскиот клуб ќе го задржи ова лето бидејќи Халанд има клаузула од 60 милиони евра во неговиот договор и прашање беше само кој клуб да се избере. На крајот тоа беше Манчестер Сити, што двата клуба го потврдија во вторникот.
Но, во Дортмунд сигурно нема да бидат разочарани бидејќи направија уште една спектакуларна работа и заработија речиси 40 милиони евра. Халанд е купен за 20 милиони евра од Салцбург, а со неговата продажба инкасирале нето 40 милиони евра.
Сепак, ова не е прв пат Дортмунд да заврши толку голема работа. Претходните години имаа неколку фантастични трансфери, што потврдува дека докторираа за купување и продавање играчи.
Најмногу пари собраа од Усман Дембеле, кого го доведоа за 15 милиони евра од Рен, а подоцна го продадоа за 140 милиони евра на Барселона и заработија нето добивка од 105 милиони евра.
Истото се случи и со Кристијан Пулишиќ. Американецот дојде во германскиот клуб за 250.000 евра, а неколку години подоцна беше продаден на Челзи за 65 милиони евра.
Дортмунд го доведе и Пјер-Емерик Обамејанг за само 13 милиони евра, а Габонецот подоцна отиде во Арсенал за исто така 65 милиони евра. Германскиот клуб одлично се снајде и минатото лето, а во центарот на вниманието беше Џејдон Санчо.
Санчо пристигна во Дортмунд за осум милиони евра, а минатата година клубот го продаде на Манчестер Јунајтед за цели 85 милиони евра.
Дортмунд ги доведе овие пет играчи за вкупно 56 милиони евра. Ги продадоа за 377 милиони евра, а нето добивката од тоа беше дури 321 милион евра, што е навистина неверојатен подвиг на овој клуб.
Dortmund bought:
➡ Dembélé €15M, sold to Barça for €105M
➡ Aubameyang €13M, sold to Arsenal for €63M
➡ Pulisic €250k, sold to Chelsea for €64M
➡ Sancho €8M, sold to Man Utd for €85M
➡ Haaland €20M, sold to City for €60MPaid: €56M
Sold: €377M
Profit: €321M pic.twitter.com/4eOr1gwiYZ— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) May 12, 2022



