Старата дама му подготви „подарок“ на Роналдо
Д М27 мар 2021

Јувентус следната сезона ќе има нов напаѓач во своите редови.
Тутоспорт пишува дека изборот паднал на Моиз Кин, напаѓач кој пред помалку од две години беше продаден на Евертон од Јувентус за 27,5 милиони евра.
Кин оваа сезона игра за ПСЖ и забележа значителен напредок, досега има 17 погодоци во сите натпреварувања.
Торинскиот клуб верува дека 21-годишниот напаѓач би бил идеален партнер за Кристијано Роналдо, кој и самиот побара нови напаѓачи.
Самиот Кин не сака да се врати во Евертон, ќе останеше порано во ПСЖ или пак ќе потпишаше за Јувентус, но во Париз тие се насочени кон доведување на Лео Меси или Серхио Агуеро.
Бројката за која Јуве има намера да го купи Кин не се споменува, но сигурно не е помала од 30 милиони евра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



