Connect with us

Фудбал

Старата дама не запира: Следува нов одличен трансфер на Јувентус

Душан Влаховиќ нема да биде единственото звучно засилување на Јувентус во зимскиот преоден рок.

Во петокот Јувентус направи официјален трансфер вреден 70 милиони евра, според кој Влаховиќ потпиша договор со Старата дама до летото 2026 година.

 

Италијанските медиуми се убедени дека во преостанатите денови од преодниот рок бјанконерите ќе го засилат средниот ред.

 

Скај Спорт пренесува дека Јувентус веќе нашол договор со агентите на Денис Закарија, одличниот играч за врска на Борусија Мененгладбах.

 

Старата дама понуди пет милиони евра плус два милиони бонуси, додека германскиот тим бара меѓу седум и осум милиони, па торинскиот клуб е оптимист за реализација на овој трансфер.

 

Закарија за Борусија игра од 2017 година, стандарден е репрезентативец на Швајцарија. Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и германскиот клуб практично е принуден да го продаде.

 

Во меѓувреме доаѓањето на Закарија би значело и заминување на некои играчи. Дејан Кулувески е блиску до Тотенхем, а Родриго Бентанкур е Астон Вила.