SportM
Фудбал

Стартуваше вториот дел од сезоната во ПМФЛ, Шкендија и Тиквеш со победи!

E R10 фев 2026
Стартуваше вториот дел од сезоната во ПМФЛ, Шкендија и Тиквеш со победи!

Фото: tv21m

Екипите на Шкендија и на Тиквеш остварија победи во првите два натпревара од вториот дел од шампионатот (17.коло). На дербито во Тетово, Шкендија дури во финишот го „скрши“ отпорот на второпласираниот тим Струга со 2:0. Триумфот на тетовчани го најави Себастијан Спахиу во 78.минута, а воедно беше асистент на вториот гол кој го постигна Фахд Нзенгуе во 88.минута.

На вториот дуел Шкупи „формално“ беше домаќин во Кавадарци и беше поразен со убедливо 6:0, а јунак на победата беше Берат Садик кој постигна хет-трик.

Од оваа рунда утре играат: Вардар – Арсими и Силекс – Башкими, додека во четврток на програмата се натпреварите: Брера – Македонија ЃП и ПелистерРаботнички.

Табела: Вардар 42 бода, Струга 41, Шкендија 39, Силекс 31, Арсими 22, Башкими 22, Тиквеш 21, Брера 19, Пелистер 16, Македонија ЃП 15, Работнички 7, Шкупи 1.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.