SportM
Фудбал

Стерлинг испадна господин, но со мало задоцнување

Д М8 ное 2018
Стерлинг испадна господин, но со мало задоцнување

На синоќешниот натпревар, Манчестер Сити – Шахтјор, беше забележана нај смешниот досуден пенал во последните неколку години.

Стерлинг трчаше кон голот на Шахтјор и се сопна, а судијата без мисла покажа на белата точка, иако немаше апсолутно никаков контакт со противничкиот фудбалер.

Кога веќе Стерлинг на лице место не излезе да биде искрен и да признае дека нема пенал, што не може да се очекува во денешниот фудбал, барем беше фер во изјавата по натпреварот.

На прашањето „Како се чувствува по таков пенал кога знае дека нема пенал“, Стерлинг одговорил:

„Не барав пенал, ниту пак симулираав. Се сопнав, но не одев на тоа да изнудам пенал. Се што можам да направам е да се извинам на Шахтјор и судијата, немаме намера да измамам никого“, рече Стерлинг.

Инаку, екипата на Манчестер Сити против Шахтјор победи со 6:0 а Стерлинг постигна еден гол.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.