Connect with us

Фудбал

Стоперскиот тандем на Сити не тренираше со тимот, но добра вест донесе Гвардиола

Одбранбеното дуо на Сити Ајмерик Лапорте и Џон Стоунс не присуствуваа на тренингот на нивниот тим пред натпреварот во Лигата на шампионите против Лајпциг.

Споменатото дуо го пропушти утринскиот тренинг, но според Гвардиола, тие треба да бидат подготвени за натпреварот со Лајпциг, кој е закажан за утре.

„Вистина е дека двајцата не тренираа, но не грижете се, тие ќе бидат подготвени“, рече шпанскиот стратег.

За разлика од репрезентациите на Англија и Шпанија, на тренингот на Граѓаните присуствуваа уште двајца стопери, Португалецот Рубен Диас и Холанѓанецот Натан Аке.

Со утрешниот натпревар против Ред Бул Лајпциг на нивниот стадион во 21 часот, Манчестер Сити ќе започне нов обид за освојување на толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите, кој го пропушти минатата сезона, бидејќи во финалето загуби од Челзи.

 

Facebook