SportM
Фудбал

Стотици палестински знамиња на трибините во Лигата на шампионите!

Д М26 окт 2023
Стотици палестински знамиња на трибините во Лигата на шампионите!

Фото: EDINBURGH, SCOTLAND – OCTOBER 22: Celtic supporters show their support with Palestine flags during the Cinch Scottish Premiership match between Heart of Midlothian and Celtic FC at Tynecastle Park on October 22, 2023 in Edinburgh, Scotland. (Photo by Ian MacNicol/Getty Images)

Селтик и Атлетико Мадрид во средата навечер ги поделија бодовите во третото коло од групата Е на Лигата на шампионите, но од Глазгов беше испратена слика која на многумина нема да им се допадне.

И УЕФА секако ќе реагира… Ќе видиме како.

Навивачите на шкотскиот шампион недвосмислено застанаа на страната на Палестинците во конфликтот со Израел и на трибините на „Селтик Парк“ се вееја стотици знамиња…

Натпреварот заврши 2:2 , па Атлетико е втор со пет бода, додека Селтик е последен во групата со бод. Феенорд е лидер со шест, а Лацио има четири.

Пред неколку дена идентична слика беше видена во Единбург, на натпреварот од шкотската Премиер лига меѓу Хартс и Селтик.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.