Connect with us

Фудбал

Странците на Баерн открија проблем: „Не го разбираме Нагелсман додека зборуваме за тактики“

Атмосферата во тимот на Баерн е тензична и по освојувањето на германското првенство.

Баерн лесно стигна до 35. титула во Бундеслигата, но се чини дека и тоа не е доволно по несреќната елиминација од Виљареал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Германскиот весник „Кикер“ тврди дека странците кои настапуваат во тимот на Баерн се жалат на тренерот Јулијан Нагелсман, бидејќи според нивните тврдења – зборува пребрзо.

 

Неодамна, по поразот од Мајнц, фудбалерите на Баерн решија да заминат на одмор на Ибица, што предизвика огромни реакции, но спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ увери дека се е договорено пред гостувањето во Мајнц и дека нема потреба за тоа да се крева врева.

 

Нагелсман беше меѓу последните кои дознаа, но рече дека не им е татко и не може да се грижи каде и кога се.

 

„Кикер“ наведува дека странците се пожалиле дека Нагелсман ништо не го разбираат кога зборува за тактика бидејќи зборува пребрзо. Бидејќи германскиот не им е мајчин јазик, тие тешко го разбираат Нагелсман бидејќи тој зборува совршено германски и изгледа пребрз за некои ѕвезди на Баерн.

 

Претходно, Кери Хау од Sport1.de објави дека двајца играчи на Баерн отворено ги критикувале методите на талентираниот тренер, вклучително и некои комплицирани вежби. Еден од нив е Роберт Левандовски, кој смета дека шансите за гол во нов состав се мали доколку одбраната на противникот е длабоко вовлечена и организирана како Виљареал.

 

Нагелсман ги демантираше сите тие извештаи, велејќи дека „Роберт не се изолира, многу често доаѓа кај него и зборува за технички работи“.

 

Иако е освоен само еден трофеј, Нагелсман ќе остане тренер на Баерн бидејќи ја доби поддршката од челниците на клубот, а младиот стручњак има договор до јуни 2026 година. Неговиот тим ќе ја заврши сезоната 2021/22 со домашен натпревар против Волфсбург следниот викенд.

 

 

Реклама

Facebook