SportM
Фудбал

Страшна вест за Џордан Хендерсон и Ливерпул

Д М24 фев 2021
Страшна вест за Џордан Хендерсон и Ливерпул

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, би можел да го пропушти остатокот од сезоната.

Хендерсон се повреди на мечот од Премиер лигата против Евертон и сигурно е дека ќе биде надвор од терените нешто повеќе од два месеци.

Сепак, лесно може да се случи Хендерсон да го пропушти целиот остаток од сезоната. Тоа ќе се случи ако тој замине на операција на препоните, а одлуката за тоа ќе ја донесе Хендерсон денес.

Така продолжи навистина страшната серија повреди со актуелниот англиски шампион, кој има мали шанси да ја одбрани титулата шампион оваа сезона.

Причините дефинитивно треба да се бараат во сите повреди што им се случија оваа сезона и навистина Ливерпул немаше среќа.

„Црвените“ моментално се наоѓаат на шестото место во Премиер лигата со 40 бода.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.