Струга Трим Љум го прегази тимот на Арсими!
Редакција21 сеп 2026

Во претпоследниот натпревар од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга го совлада попладнево Арсими со 6-0 (0-0( и го продолжи максималниот ефект пред двоите гледачи.
До својата петта едноподруго победа без примен гол на домашен терен, Струга дојде во второто полувреме, предводена од тројниот стрелец Радески (57, 66, 75), а во листата на стрелци се запишаа и Алији (66), Рочи (80) и Шабани (88).
Арсими ги одигра завршни 30. минути од натпреварот со фудбалер помалку поради исклучување на Мислими.
Прволигашкото коло в среда ќе го комплетираат Брегалница и Скопје.
Табела: Шкендија 19, Струга 17, Вардар 14, Тиквеш 13, Шкендија Арачиново 13, Силекс 9, Арсими 8, Брегалница 7 (-1), Башкими 4, Скопје 3 (-1).
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



