Струга во Тетово ја совлада Шкендија и ја одбрани шампионската титула!
Редакција12 мај 2024

Струга Трим Лум на гостински терен ја совлада Шкендија со 2:0 во дербито на 32. коло во Првата македонска фудбалска лига и го одбрани шампионскиот трофеј.
Бесарт Ибраими во 43. минута им донесе водство на стружани, победата ја потврди Марјан Радески со гол во 48. минута.
Резултати на денешните натпревари од претпоследното коло во ПМФЛ:
Гостивар – Работнички 0:0
Македонија ЃП – Брегалница 2:1
Шкендија – Струга ТЛ 0:2
Шкупи – АП Брера 0:0
Силекс – Вардар 1:1
Тиквеш – Воска 0:0
Табела: Струга 64 бодови, Шкендија 61, Шкупи 59, Тиквеш 43, Работнички 42, Силекс 42, Воска 41, Гостивар 41, Брера 39, Вардар 36, Македонија 29, Брегалница 27.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



