SportM
Фудбал

Сцена која ги воодушеви сите: Роналдо стои и гледа, а Кавани го крева Олд Трафорд на нозе (ВИДЕО)

Д М30 сеп 2021
Сцена која ги воодушеви сите: Роналдо стои и гледа, а Кавани го крева Олд Трафорд на нозе (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо стана херој на Манчестер Јунајтед на натпреварот против Виљареал.

Неверојатниот Португалец постигна гол во 95. минута за победа од 2:1 и уште еднаш потврди дека е вистински фудбалски ѕвер на 37 -годишна возраст.

Меѓутоа, на натпреварот против Виљареал, нанвивачите на „Црвените ѓаволи“ ги воодушеви уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани.

Човекот кој му ја даде седумката на Роналдо по пристигнувањето во клубот покажа зошто е поинаков фудбалер од другите.

По лош потег, Кристијано Роналдо застана и не се ни обиде да стигне до топката, а потоа се појави Кавани.

34-годишниот напаѓач спринтираше кон топката со полна брзина и на крајот успеа да стигне до неа. Овој потег ги воодушеви навивачите на Јунајтед, но Кавани направи уште еден потег за паметење.

Откако Роналдо постигна гол во 95. минута, го соблече дресот и го фрли, а Кавани се потруди да го фати и не дозволи да падне на земја.

Потоа го држеше дресот додека Роналдо не го прослави голот и со овие потези ја купи наклонетоста на навивачите на Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.