Суарез на крајот на сезоната ја напушта Барселона и се враќа во поранешниот клуб?

Шпанските медиуми се повеќе шпекулираат дека Луис Суарез ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.
Уругвајскиот напаѓач пристигна во Барселона во летото 2014 година од Ливерпул, докажувајќи дека е огромно засилување во претходните сезони. Но, Суарез веќе има 32 години, а Барселона веќе размислува да го замени.
Веќе некое време се шпекулира дека Барса ќе се обиде да го продаде Суарез на крајот на сезоната, но нема да бидат премногу упорни во тоа. „ЕСПН“ објави дека постои шанса Суарез да се врати во Ајакс каде што играше порано со значителен успех.
Наводно, Ајакс покажал интерес да го купи Суарез следното лето ако цената е исправна и Барса немаат ништо против тоа. „ЕСПН“ исто така наведува дека на Суарез и се допаѓа идејата повторно да се појави во дресот на клубот од Амстердам.
Сурез пристигна во Ајакс во 2007 година од Гронинген и играше во овој клуб до почетокот на 2011 година кога замина во Ливерпул за околу 27 милиони евра.



