Суарез откри дека Меси страда во ПСЖ, причината е бизарна

Лионел Меси летово пристигна во ПСЖ и се уште се чека неговото најдобро издание.
Меси е половина година во француската престолнина, но периодот на адаптација не е завршен, што го потврди и неговиот близок пријател Луис Суарез.
Аргентинецот потпиша договор вреден 650.000 фунти неделно со парижаните, со што повторно стана соиграч со Нејмар.
Иако ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1, Меси досега постигна само четири гола, а Суарез откри зошто поранешниот играч на Барселона се уште се мачи во Франција.
“Ми кажа дека многу страда кога игра на ладно време, многу страда кога паѓа снег. Таму треба да се учи на студено време”, изјави Уругваецот.
Меси целиот свој живот го помина во Барселона, каде условите за игра се идеални во текот на целата година, па не е чудно што се уште има проблеми со адаптацијата.



