SportM
Фудбал

Суарез во Јувентус-Четврток е денот Д

E R14 сеп 2020
Суарез во Јувентус-Четврток е денот Д

Суарез е на излезната врата на Барселона. Како што пишуваат италијанските, но и каталонските медиуми, наводно се е договорено помеѓу Уругваецот и Јувентус, па и Барселона. Но, со оглед на тоа дека „Старата дама“ ги пополнила местата за странски играчи, се чека Суарез да положи италијански јазик и да се пресели во Јуве како домашен играч, односно играч од ЕУ, со оглед на тоа дека неговата сопруга е италијанка.

Суарез испитот ќе го полага во четврток, па италијанските медиуми пишуваат дека овој ден е денот Д за Суарез и Јувентус. Доколку го положи тестот, нема да има никакви пречки да се пресели во Торино.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.