Судбината на Манчестер Сити ќе биде позната на 13 јули

Манчестер Сити ќе ја дознае конечната пресуда на 13 јули, дали ке игра на европските натпреварувања.
Во февруари, Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги казни граѓаните со што им забрани да учествуваат во европските натпреварувања во наредните две сезони поради кршење на финансискиот фер-плеј, а освен што беа протерани, беа казнети и со 30 милиони евра.
Како што се очекуваше, раководството на англискиот клуб веднаш поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (CAS). Минатиот месец се одржа тридневно рочиште, а конечната одлука за судбината на тимот на Манчестер ќе ја донесе судот во рок од 12 дена.
Пресудата во овој случај ќе биде објавена на 13 јули, а потоа конечно ќе се знае дали Сити ќе биде официјално протеран од Европа или дали казната на УЕФА на крајот ќе биде укината.
Овие 12 дена за навивачите на овој клуб, сигурно ќе бидат долги, но и за играчите кои со нетрпение ја чекаат одлуката.



