Судијката призна дека е во врска со фудбалерот на кој му суди во лигата, Федерацијата брзо реагирала

Судијката Шона Шукрула (30) и холандскиот фудбалер на Емен Џеф Хардевелд (26) официјално објавија дека се во врска.
Холандската фудбалска федерација (КНВБ) реагираше откако дозна дека двајцата се заедно, па во иднина ќе и биде забрането да суди на натпревари на кои ќе игра нејзиното ново момче, а можеби и идниот сопруг.
„Дик ван Егмонд (поранешен меѓународен судија задолжен за делегирање во Холандија) знае за овој однос. Шона Шукрула нема да делегирана на натпреварите на Џеф Хардвелд. Тоа е се. Нинвниата врска за нас не е проблем, им посакуваме се најдобро во заеднички живот“, рече портпаролот на Холандската асоцијација за Ad.nl.
Судијката и фудбалерот ја дочекаа Новата година во Рим и ги објавија првите заеднички фотографии, а нивните пријатели им честитаа на почетокот на врската.
Шона суди под знакот на ФИФА од 2016 година, а најмногу делегира на натпревари од втората, третата и четвртата холандска фудбалска лига, но имала можност да суди и натпревари од женската Лига на шампиони.
Хардевелд, пак, е поранешен репрезентативец до 21 година, кој израснал во Феенорд, но никогаш не играл за првиот тим. Играше за Утрехт, па Хераклес, а од неодамна стана и член на Емен.
![]()
Според Мундо Депортиво, на натпреварот против Ајндховен на почетокот на сезоната тој се сретнал со судијата Шон, а остатокот го знаете …



