Суле помина многу полошо од Горецка, обајцата одат на пауза
Д М8 апр 2021

Баерн Минхен синоќа беше поразен во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите од францускиот шампион ПСЖ со 3:2.
Покрај поразот, тренерот на баварскиот гигант Ханси Флик остана и без двајца играчи затоа што Леон Горецка и Никлас Суле ја напуштија играта во првото полувреме поради повреда.
Двајцата фудбалери се здобија со повреда на бутниот мускул, а според првите информации, Суле поминал полошо.
Му пукна едниот мускул и веројатно ќе мора да паузира две или три недели.
Од друга страна, Леон Горецка има истегнување на мускулите. Веројатно ќе го пропушти реваншот во Париз, но треба да биде подготвен за околу 10 дена.
Баерн во вторник ќе игра на „Паркот на принцовите“ и ќе се обиде да ја надополни негативата од 3:2 од Минхен.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



