Кошарка
Светислав Пешиќ не е повеќе селектор на Србија!

Досегашниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, повеќе нема да ја извршува таа функција, откако му истече договорот, соопшти Кошаркарската федерација на Србија (КФС).
Сценариото што се навестуваше по неуспехот на минатото Европско првенство во Рига сега доби и официјален епилог. Светислав Пешиќ ја заврши својата етапа на клупата на Србија и беше огромен фактор во препородот на националниот тим, како и во враќањето на култот на репрезентацијата. Големите успеси во Манила и Париз не беа заокружени во Рига, но може да се констатира дека тој направи значајни чекори за напредок на српската кошарка и, како што е наведено, ќе продолжи да придонесува во поинаква улога.
„Денес завршува едно големо поглавје на српската кошарка. На нашиот трофеен селектор, господинот Светислав Пешиќ, денес му истече договорот со Кошаркарската федерација на Србија, со што ја завршува својата мисија на клупата на националниот тим и става точка на еден исклучително важен период во историјата на репрезентацијата. Светислав Пешиќ ќе остане активен во стручната работа на Кошаркарската федерација на Србија, па и понатаму со своето големо искуство и знаење ќе придонесува во развојот на српската кошарка и ќе биде поддршка на новиот селектор и стручниот штаб. Благодараме за сè,“ се вели во соопштението на КФС.