SportM
Фудбал

Sвездата на Јунајтед има повеќе минути играно на Fortnite и Call of Duty отколку за „црвените ѓаволи“

Д М22 јан 2020
Sвездата на Јунајтед има повеќе минути играно на Fortnite и Call of Duty отколку за „црвените ѓаволи“

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтер, Лук Шо, беше критикуван од навивачите кои веруваат дека Англичанецот поминува повеќе време играјќи видео игри. Тој помина повеќе минути во играње на две видео-игри отколку што играше за Манчестер Јунајтед во својата кариера.

24-годишниот лев бек има проблеми со неколку повреди откако се пресели на „Олд Трафорд“ за 30 милиони фунти во 2014 година.

Еден навивач на „црвените ѓаволи“ ги објави податоците на Шо на Твитер, објавувајќи дека фудбалерот поминал 74.800 минути од животот играјќи „Call of Duty: Modern Warfare Remastered“ од ноември 2016 година до септември 2019 година.

Податоците на сметката на Шоу покажуваат дека тој поминал уште 18.780 минути играјќи ја видео-играта Fortnite, која првично беше објавена во 2017 година.

Корисникот на Твитер потоа ги спореди овие две статистики со минутажата на Шо за Манчестер Јунајтед во текот на неговата кариера во „Театарот на соништата“.

Англичанецот забележа вкупно 9.389 минути игра за Манчестер Јунајтед од преселбата во 2014 година. Тој е најплатениот лев бек на светот.

https://twitter.com/MikeLUHGv3/status/1219703442836541446

Овие статистики ги натераа навивачите да го критикуваар Шо дека не се фокусира доволно на неговата кариера, додека неодамна неговото место во составот го загрозува 19-годишниот Брендон Вилијамс.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.