Sвездата на Јувентус мора да замине на операција на коленото
Д М3 дек 2019

Јувентус потврди дека Сами Кедира ќе биде подложен на операција на коленото во среда.
Германскиот играч од средниот ред има проблеми со коленото во последните неколку недели и го промаши натпреварот 2:2 со Сасуоло.
Во соопштението за печатот, италијанскиот шампион посочи дека медицинските тестови потврдуваат проблем во лигаментите на левото колено на Кедира.
Кедира ќе биде опериран во среда од професорот Улрих Боениш во Аугсбург.
32-годишниот играч има 17 настапи за Јувентус оваа сезона.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



