Тага во Италија: Палермо веќе не постои

Некогаш стабилниот италијански прволигаш Палермо веќе не постои денес!
Сицилијанскиот клуб кој создаде и откри голем број фудбалски асови згасна по точно 32 години постоење, а на ова сценарио му претходеа големи финансиски проблеми со кои се соочуваа долго време.
Италијанските медиуми објавија дека судот во Палермо денес го прифатил предлогот на обвинителите да го прогласи клубот неликвиден, а од корист не било ни тоа што Андреа Зампарини, син на контроверзен бизнисмен и сопственик на Маурициус, понудил 10.000.000 евра за да ги покрие долговите. Оваа сума на крајот од страна на обвинителот беше опиша како премногу ниска.
Целсното име на клубот „US Citta di Palermo“ беше дури четврта верзија на оригиналниот Палермо основан уште во 1900 година. Втората верзија е основана во 1920 година, трета во 1941 година, додека последната верзија беше основана во 1987 година.
Во последните 32 години Палермо ги забележа најдобрите резултати, но големите долгови доведоа до напуштње на Серија А. Тони, Кавани, Пасторе, Белоти, Дибала, Барзали …, се само некои од познатите фудбалери кои во своите кариери имаа можност да го носат дресот на Палермо.
Иако Палермо беше изгаснат, тој продолжи да живее за оние што го поддржуваа со години. Во меѓувреме, формиран е нов клуб ССД Палермо кој ќе се натпреварува во Серија Д.



