SportM
Тајм аут

Талент за сѐ – Францускиот фудбалски репрезентативец стана кошаркар!

Д М12 сеп 2024
Талент за сѐ – Францускиот фудбалски репрезентативец стана кошаркар!

Неверојатна приказна ни доаѓа од Шпанија.

Новиот кошарски клуб на локалниот третолигаш Ховенс Лелијана ангажираше нов кошаркар и тоа не било кој кошаркар, туку Етјен Капу, поранешен француски репрезентативец.

Капу на крајот од минатата сезона на 36 години ја заврши професионалната фудбалска кариера во која настапуваше за Тулуз, Тотенхем, Ватфорд и Виљареал и реши да се испроба во друг спорт.

Поранешниот заден играч од средниот ред е висок 189 сантиметри, па најверојатно ќе игра како плејмејкер на кошаркарскиот терен.

Ќе биде интересно да се види како ќе се снајде во својата нова улога.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.