Поврзи се со нас

Фудбал

Талентираниот дефанзивец ја одбра Барселона, потпис во следните часови!

Иако се чинеше дека ќе оди во Баерн, утрово пристигна веста дека тој ќе потпише за Барселона.

Станува збор за американскиот фудбалер Сергин Дест, кој, според тврдењата на новинарот Фабрицио Роман, се согласил да соработува со Каталонците до јуни 2025 година, а трансферот ќе биде официјализиран во следните неколку часа.

Дест игра како десен бек и има само 19 години, а претходно го привлече вниманието на великаните како Баерн и Барселона со добрите игри во дресот на Ајакс.

Не се познати финансиски детали, но претходно Ајакс побара меѓу 15 и 20 милиони евра. Тој само ќе пополни место во одбраната откако Нелсон Семедо потпиша за Вулверхемптон и негов главен конкурент за најдобрите 11 ќе биде Серхи Роберто.

 

Advertisement

Facebook

Реклама