Талентот на Интер го понесоа емоции, за малку ќе „настрадаше“ Андреа Пирло! (ВИДЕО)
Д М10 дек 2023

Фудбалерите на Сампдорија се во многу добра форма, откако забележаа четири победи во претходните пет натпревари со само еден пораз во Бреша.
Избраниците на Андреа Пирло вчера славеа против Леко кој го добија со 2:0 во Џенова, а натпреварот го одбележа одличната партија на играчот на Интер, Себастијан Еспосито како позајмен во Сампдорија.
При еден од головите младиот напаѓач беше понесен од емоциите кои некаде мораше да ги исфрли, а „настрада“ токму Пирло.
Еспосито цврсто ја држеше легендата на италијанскиот фудбал и почна да го тресе, што на Пирло не му пречеше, но симпатичниот удар набрзо стана вирален.
Се додека постигнува голови, без грижи за Еспосито…
— Zsolt🟨🏆🟦 (@undoriano) December 9, 2023
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



