SportM
Фудбал

Талентот нема да го продолжи договорт со Јунајтед, Јувентус подготвен да ја искористи предноста

Д М12 ное 2019
Талентот нема да го продолжи договорт со Јунајтед, Јувентус подготвен да ја искористи предноста

Тахит Чонг би можел да ги следи стапките на Пол Погба со тоа што нема да го обнови договорот со Манчестер јунајтед, и како слободен агент да му се приклучи на Јувентус во текот на летото.

Договорот на 19-годишниот Чонг истекува во јуни следната година и Јунајтед стравува дека талентот би можел да замине на крајот на сезоната, а тие да не добијат ништо.

Според италијанскиот „калчиомеркато“, Чонг му кажа на Јунајтед дека нема да го обнови својот договор бидејќи бара нов предизвик.

Чонг оствари само четири настапи со првиот тим на Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.