SportM
Тајм аут

Татко, директор и ментор: Стевица Ристиќ за фудбалскиот пат на неговиот син Стефан во Партизан

Редакција16 јун 2026
Татко, директор и ментор: Стевица Ристиќ за фудбалскиот пат на неговиот син Стефан во Партизан

Еден од највпечатливите и најемотивните моменти во разговорот со Стевица Ристиќ беше прашањето за неговиот син, младиот и талентиран фудбалер Стефан Ристиќ, кој веќе чекори по стапките на својот татко и гради кариера во белградски Партизан.

Изборот беше целосно негов

Иако Стефан ја игра истата позиција како и неговиот татко, Стевица е дециден дека во нивниот однос работата и семејството мора да останат разделени, а синот морал сам да си ја избере својата судбина.

„Каков играч ќе биде, одлучува сам. Тој го одбра Партизан. Имаше 4-5 понуди на маса, сам пресече, јас само го ставив во автомобил, го однесов во Белград и го оставив таму. Има свој тренер таму, има индивидуален тренер. Јас не му се мешам во кариерата. Односот меѓу таткото и синот мора да остане породичен, а ова на теренот е чиста работа.“

Талентот е само 10%, сè друго е сурова работа

Со суровото искуство на фудбалер кој морал сам да се бори за сè во животот, Ристиќ испрати моќна порака до својот син, но и до сите млади таленти во Македонија:

„Јас самиот сум се борел за сè што имам направено во животот, никој не ми помогнал ниту играл фудбал за мене. Патот е премногу тежок. Научно е докажано дека од 100% деца што почнуваат, само 2% стануваат професионалци, а само 1% од нив заработуваат доволно за убава пензија. Јас на мојот син му велам: ‘Можам да те одведам и на Марс, но ќе те оставам пред капијата на теренот. Внатре сè е на тебе – како играш, како тренираш.’ Фудбалот е јавна работа, не можеш ништо да сокриеш. Талентот е само 10 до 15%, останатите 90% се тешка работа. Работниците успеваат, а мрзливите таленти пропаѓаат.“

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.