Фудбал
Таткото на Јамал тешко го поднесе губењето на Златната топка: Тука се случи нешто чудно

Мунир Насрауи, таткото на младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, тешко ја поднесе фактот дека Златната топка за 2025 година не заврши во рацете на неговиот син, туку кај Усман Дембеле.
Французинот во понеделникот во парискиот Théâtre du Châtelet ја освои престижната награда благодарение на брилијантната сезона во дресот на ПСЖ, во која со клубот освои пет трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, и постигна импресивни бројки – 35 голови и 16 асистенции.
Насрауи, кој присуствуваше на свеченоста со семејството, очекуваше дека 18-годишниот Јамал ќе го добие најважното индивидуално признание.
По церемонијата, накратко изјави за шпанските медиуми: „Следната година Златната топка ќе биде наша.“
Подоцна, во телефонска изјава за емисијата El Chiringuito, тој беше многу подиректен:
„Нема да кажам дека станува збор за кражба, но секако е морална неправда кон човекот. Верувам дека Ламине Јамал е најдобриот фудбалер во светот. Далеку најдобриот. Не затоа што ми е син, туку затоа што навистина нема ривал. Тука се случи нешто чудно, но следната година тој ќе биде шпанскиот добитник на Златната топка“, изјави Мунир Насрауи.
И додека Дембеле убедливо победи во изборот на 100 новинари од првите 100 земји на ФИФА, Јамал мораше да се задоволи со трофејот „Копа“ за најдобар млад играч во светот – и тоа втора година по ред, пред Французинот Дезире Дуе.
Младиот напаѓач на Барселона покажа спортски дух, му честиташе на Дембеле и порача:
„Нема да ги заборавам моите соиграчи, сите ми помогнаа да бидам овде. Морам да продолжам да работам за да освојувам уште поголеми награди во иднина“, рече Јамал.