SportM
Фудбал

Тажна вест од Шпанија: Поранешниот голман на Барселона ненадејно почина

Д М22 мај 2021
Тажна вест од Шпанија: Поранешниот голман на Барселона ненадејно почина

Тажни вести доаѓаат од Шпанија.

Поранешниот голман на Барселона и Магала, Франческ Арнау почина ненадејно на 46-годишна возраст.

Арнау бранеше за Барселона од 1995 до 2001 година и ги носеше дресовите на првиот и вториот тим.

Десет години бранеше за Малага, а во 15 наврати беше на голот за младата репрезентација на Шпанија.

Тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот во 1998 година на Европското првенство.

За време на неговата смрт, тој бил директор на второлигашот Овиедо и сите биле шокирани кога дознале за тажната вест.

Барселона, Малага, Овиедо и Реал Мадрид, но и многу други клубови се збогуваа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.