Фудбал
Тажно и мизерно: Страшен и болен испад на навивачите на сметка на трагедијата (ВИДЕО)
Светот на фудбалот се зави во црно на 21 јануари 2019 година, кога во авионска несреќа загина одличниот аргентински напаѓач Емилијано Сала додека патуваше за Кардиф за да потпише договор со овој клуб.
Сала реши да го напушти Нант во јануари 2019 година и да замине во Англија, но за жал неговиот авион никогаш не пристигна на Островот.
Аргентинецот го загуби животот во авионска несреќа во море, а навивачите на Ница оваа трагедија ја искористија за болни навреди на вчерашниот натпревар против Ст. Етјен.
Со оглед на тоа што минатиот викенд го загубија натпреварот од Купот на Франција од Нант, решија во деветтата минута од натпреварот да скандираат ужасни работи на сметка на Емилијано Сала.
„Тој е Аргентинец кој не знае баш добро да плива. Емилијано е под вода“, се слушаше од трибините на стадионот во Ница.
«Emiliano Sala : le chant abject des supporters de Nice» : l'édito de @PascalPraud dans #HDPros pic.twitter.com/Dltnel2uxD
— CNEWS (@CNEWS) May 12, 2022
Навивачите на Нант и Бордо, каде што играше Сала, скандираат во чест на Сала на секој натпревар во деветтата минута од натпреварот. Потоа можете да слушнете:
„Тој е Аргентинец кој никогаш не се откажува, Емилијано Сала, Емилијано Сала.
Сепак, навивачите на Ница решија на морбиден начин да ја исмеваат смртта на поранешниот фудбалер и ова е дефинитивно суштината.