Тебас: „Ќе ја завршиме Ла Лига“

Според Тебас Ла Лига ќе заврши.
Премиер лига, Серија А, Лига 1, Бундес лига, Ла Лига – сите се одложени заради коронавирусот, кој навлезе во светот и убива луѓе.
Во секој случај, тие се одложени само до април, но гледајќи ја ситуацијата, веројатно нема да ја отворат вратата до мај. Сепак, претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас смета дека сите натпревари во сезоната 2019-20 во Ла Лига ќе се играат и покрај пречките предизвикани од коронавирусот.
„Убеден сум дека ќе ја завршиме сезоната. Ние работиме со други лиги за да ги прилагодиме датумите. Оваа недела имавме видео конференции со претседателите на, бројни клубови и лиги. Доаѓа важна недела во Европа каде можат да се донесат важни одлуки“, рече Тебас за „Кадена Копе“.
Но, тој рече дека ќе се дознае повеќе по итниот состанок на УЕФА во вторникот.



