SportM
Фудбал

ТЕКТОНСКИ ПОТРЕСИ ВО ТОРИНО: Кристијано Роналдо го заследи новиот клуб на Инстаграм?!

Д М19 јан 2021
ТЕКТОНСКИ ПОТРЕСИ ВО ТОРИНО: Кристијано Роналдо го заследи новиот клуб на Инстаграм?!

Кристијано Роналдо беше видно незадоволен по поразот од Јувентус во италијанското дерби од Интер со 2:0.

Избраниците на Андреа Пирло беа доста немоќни на тој натпревар.

Претходно протекоа информации дека „старата дама“ добила понуда од Манчестер Јунајтед за Роналдо во вредност од 60 милиони евра, а сега најдобриот играч на актуелниот италијански шампион ги загрижи сите навивачи на „бјанконерите“.

Имено, Португалецот го заследи својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед на социјалната мрежа Инстаграм и предизвика лавина коментари.

Дали Роналдо избра нов клуб, ќе дознаеме многу брзо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.