Тен Хаг доби отказ по три меча, ама заработи богатство за 62 дена во германскиот тим!

Фото: tv21m
Изгледаше како Ерик тен Хаг да пронашол идеален ангажман откако во мај ја презеде клупата на Баер Леверкузен и потпиша тригодишен договор со „Фармацевтите“, но соработката помеѓу Холанѓанецот и клубот беше прекината по само два натпревари во Бундеслигата.
Сега во јавноста излегоа детали за неговата неверојатна отпремнина. Ангажманот во Леверкузен за Тен Хаг требаше да биде враќање на големата сцена, и тоа во клуб кој, под водство на Чаби Алонсо, постигна историски успеси.
🚨🚨| Erik ten Hag and his staff have made €28.1M in only 10 months from getting sacked by Manchester United and Bayer Leverkusen. 🤑💸 pic.twitter.com/DQ7D9oQ7WD
— Goals Side (@goalsside) September 2, 2025
Сепак, неговиот мандат беше краткотраен, со оглед на тоа што доби отказ по поразот од Хофенхајм и ремито со Вердер од Бремен. Единствената победа ја оствари во Купот против нисколигашот Зоненхоф Гросаспах.
Според пишувањето на германскиот Sport Bild, отказот на Холанѓанецот ќе го чини клубот речиси 6 милиони евра отпремнина. Кога на тоа ќе се додаде и неговата плата за двата месеца поминати на клупата, се доаѓа до податок дека Тен Хаг го чинел клубот околу 100.000 евра дневно за време на неговиот 62-дневен мандат.
Тен Хаг повторно е во потрага по нова работа, а по два отказа во помалку од една година, неговиот углед е значително нарушен и останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата.



