Тен Хаг горд на Мегваер и Онана

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека неговиот играч Хари Мегваер „доминира над противниците“ и дека голманот Андре Онана покажал карактер во победата против Копенхаген во Лигата на шампионите.
Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ го победи Кипенхаген со 1-0 со голот на Мегваер во 72. минута, а Онан имаше одбранет пенал на Џордан Ларсон во седмата минута од судиското надополнување. Екипата на Манчестер ги освои првите бодови во групата А сезонава во најелитното европско натпреварување.
Мегваер се врати во првиот тим по паузата поради неизвесните настапи во претходниот период.
„Игра поактивно, игра добро во одбраната, има доверба во дуелите. Мислам дека на вистински начин со агресивност доминира со противниците. Видовте дека е награден за тоа. Секако, тој има способност да игра со глава, добра завршница“, изјави Тен Хаг, пренесе Скај.
Тој го пофали и голманот Онана, кој направи големи грешки на голот во текот на сезоната.
“Онана покажа карактер. Тој знае дека неговото ниво не е на ниво на неговата вештина. Може подобро. Тој одигра добро во саботата, како и сега. Исто така, не смееме да ја заборавиме брилијантната одбрана по нивниот контра напад во второто полувреме. Секако, една од неговите е и умешноста да се бранат пенали“, додаде тренерот на тимот од Манчестер.
Тен Хаг изјави дека атмосферата меѓу играчите е добра.
„Тие се борат заедно, слават заедно и се поддржуваат еден со друг. Прави единство и тоа е важно, бидејќи тимот е повеќе од збир на поединци. Мораме да го внесеме тоа на претстојното дерби на Манчестер. Да бидеме на иста страна“, рече тој.
Големото градско дерби меѓу Јунајтед и актуелниот шампион Сити се игра во недела попладне на „Олд Трафорд“.



